ОБЈАВЕНИ ФОТОГРАФИИ: Ова е местото на кое што беше застрелан Дилавер Бојку!

  • August 14, 2017

Албанската новинска агенција (ИНА) попладнево објави фотографии од местото на кое денеска смртно беше застрелан Дилавер Бојку- Леку.

-Ова е местото каде што беше убиен Дилавер Бојку, МВР сеуште без детали, стои во насловот на ИНА, која ги објави фотографиите.

 

Засега непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје.

Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец.

Претходно «
Следно »