ОБЈАВЕН ДОКУМЕНТОТ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА: Собранието го објави предлогот за интерпелација на Владата поднесен од ВМРО-ДПМНЕ

  • April 9, 2018

Предлогот за гласање на доверба на владата поднесен од 41 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ попладнево беше објавен на официјалниот Собраниски веб-сајт

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера го достави до Собранието документот, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес изјави дека очекува да биде изгласана недоверба на Владата.

Во меѓувреме и Зијадин Села побара предвремени избори, инаку нема намера да влегува во владеачката коалиција.

Во документот се наведува дека единствени проекти коишто ги спровела Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.

Претходно «
Следно »