ОВА Е ВЕШТАЧКА ДРЖАВА: Терористот од Диво Насеље ја нарече Македонија „терористичка држава“ и повика албанските политичари повеќе да се ангажираат за Охридскиот рамковен договор

  • June 8, 2018

Терористот од групата во Диво Насеље, Насуф Беќири испрати отворено писмо до албанските политичари во земјава со барање „повеќе да се ангажираат“ за исполнување на Охридскиот рамковен договор. Во отвореното писмо тој ја нарече државата „терористичка“ и „вештачка“

 

Јас, Насуф Беќири, неправедно затворен од страна на една вештачка држава, што го измачува затворениците и ги убива тие што се предадоа во случајот Куманово, барам од вас да работите коректно за почитување на Охридскиот договор, договор кој е минимален услов за мир, стабилност и соживот во БЈРМ. Јас ви кажувам дека ние влеговме во Куманово со иста таа платформа за која сега вие велите дека е “Тиранска Платформа”, таа платформата ние ја напишавме во Куманово под раководство на Мирсад. Ова бара одговорност од вас: не ја продавајте толку евтино со девалвирање на таа платформа поради вашето присуство во владата на “Малиот Тито”, Заев! Останете верни на оваа платформа и, ако Тито Заев не ги почитува своите принципи, излезете од владата!

Зошто нè нарекуваат “терористи” кога терор ние не направивме. Славомакедонската држава е терористичка, бидејќи дојде за да нè убие на спиење и ги тероризираше жителите на Куманово користејќи дури и тешко оружје против нас! Ние бевме дел од УЧК, што светот ја призна како една од најдобрите армии во светот, армија која ги почитувала сите правила на војната; додека Македонците не ги почитуваа бидејќи ги убија откако го предадоа Мирсад и Бег, со што ја прекршија и Женевската конвенција! Бараме од Али Ахмети целосно да го расветли овој случај и да не не остави во затвор бидејќи нѐ користеа за лични интереси!

Ние сме осудени од нереален и едностран суд и овој суд не го признаваме! Бараме помош од Европа и од САД, од нашите најдобри и најсилни пријатели и бараме меѓународен суд. Поради постојана тортура што оваа македонска држава ни ја направи, тепајќине во полициската станица, во транспортните автомобили од затворот во судот или дури и внатре во судската здграда, прекршени се сите закони на војување во врска заложници и ниту животот не ни е загарантиран! На крај ви велам дека не целото УЧК е во затвор, момците на УЧК се насекаде во албанските територии и, доколку вие не сте во можност да работат за интересите на албанскиот народ под ПЈРМ, тие ќе ја донесат, на крајот, многу посакуваната СЛОБОДА!“ – стои во отвореното писмо на терористот од Диво Насеље.

 

Претходно «
Следно »