„ОВА Е ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ“: Aнтонио Милошоски од говорница побара истрага за писмото на Бејли, Заев вети дека ќе се спроведе!

  • December 27, 2018
  • Коментари

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешните пратенички прашања, посочи дека писмото од Џес Бејли до судиите е „дипломатски скандал“

„Се грижи ли Заев за писмото на Бејли до претседателите на судовите, во кое се бара амбасадата да не биде употребувана како изговор и извор на cудcките одлуки“ – праша Милошоски.

„Ова е дипломатски скандал. Амбасадоротна САД бара неговото име да не биде злoупотребувано, од страна на cудиите. Како премиер, ќе барате ли истрага за судиите кои ги злoупoтpeбиле нивните овластувања“, праша Милошоски.

На ова Заев одговори дека ќе биде спроведена истрага.

„Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност“ – рече премиерот Заев.

Претходно «
Следно »