September 18, 2021, 7:46 am

Таа е најбогатата музичарка во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богатството на поп-пејачката Ријана сега се проценува на 1,7 милијарди американски долари, што ја чини најбогата музичарка во светот. Но, музиката не е најголем извор на нејзиното богатство…

Поголемиот дел од парите на пејачката родена на Барбадос, чие вистинско име Робин Фенти – во вредност од 1,4 милијарди долари, доаѓа од 50 отсто од акциите во козметичката линија „Фенти бјути“, објави списанието „Форбс“.

Дел од приходите на Ријана доаѓаат од нејзиниот удел во брендот за долна облека – „Севиџ екс Фенти. Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува „ЛМВХ“, е позната по широката палета од 50 тонови за кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата почна со работа во 2017 година. Како резултат на тоа, фирмата стана лидер во оваа индустрија.

Пејачката сега е втората најбогата жена од светската забавна сцена, зад Опра Винфри.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во тек на посетата на САД оствари средба со секретарот за одбрана, Лојд Остин,...

More Articles Like This