ОВА Е НОВИОТ ШЕФ НА ЏЕС БЕЈЛИ: Рекс Тилерсон, шефот на „Ексон Мобил“ и пријател на Владимир Путин е новиот државен секретар на САД!

  • December 13, 2016

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе го номинира Рекс Тилерсон за 69-от Државен Секретар, а извршниот директор на нафтената компанија „Ексон Мобил“ ќе биде и член на Националниот совет за безбедност на САД. Во изјава од персоналот на тимот за транзиција на Трамп стои дека, 64 годишниот Тилерсон е „силен и фокусиран адвокат на Американските витални национални интереси“ и ќе помогне во „враќање на годините од погрешното водење на надворешната политка и активности кои ја ослабнале безбедноста на САД и го нарушиле нејзиниот имиџ во светот“

„Кариерата на Рекс Тилерсон е вообличување на Американскиот сон. Преку макотрпна работа, посветеност и паметно преговарање, Рекс се искачи низ сите ранкови до највисокиот како извршен директор на Ексон Мобил, една од најголемите светски компании“, изјавил Трамп.

rex_tilerson

Тилерсон ќе го замени актуелниот Државен Секретар Џон Кери, кој ја презема оваа улога во Фебруари 2013 година. Агециите кои ќе бидат под негова одговорност се Агенцијата за Меѓународен развој (УСАИД) и Мисијата на САД во Обединетите нации. Државниот секретар е четврти во редот за преземање на претседателската функција во вонредна ситуација.

Тилерсон бил поддржан за позицијата од неговите претходници Кондолиза Рајс и Џејмс Бејкер, како и од екс-Државниот секретар за одбрана Роберт Гетјс, според Ројтерс.

Во 2011 година Тилерсон потпиша договор со Руската државна нафтена компанија „Роснефт“ како претставник на ЕксонМобил, со што на неговата компанија и овозможи влез на Рускиот Арктик, а Роснефт доби акции во проектите на ЕКсонМобил во Северна Америка.

Зборувајќи на прес конференција во Белград по најавата за назначување на Тилерсон, Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека „ја прифаќаме оваа одлука од новоизбраниот претседател на САД, и како што повеќепати подвлече претседателот Путин спремни сме да работиме со сите партнери кои се заинтересирани во развој на еднакви релации со Русија“.

Претставникот на Кремљ за надворешни прашања Јуриј Ушаков го опишал Тилерсон како „добро познат за Руските претставници, активно вклучени во бизнис операциите“.

„Тој е одговорен и многу професионален“, додал Ушаков. „Не само Рускиот претседател, но и Руските преставници имаат добри бизнис релации со него“.

Претходно «
Следно »