Ова е херојот кој го дал животот за спас на децата од пештерата

  • July 10, 2018

Веселбата поради среќниот резултат од спасувањето на 12-те деца и нивниот тренер од поплавената пештера на Тајланд ќе биде помешана со доза на тага, но и благодарност и почит кон херојот кој го дал својот живот за оваа мисија.

Саман Кунан, поранешен припадник на тајландските морнарички специјалци, елитниот одред “Seal” каков што има американската морнарица, не бил повеќе на служба, но загинал на задача. Кога децата и нивниот фудбалски тренер биле пронајдени живи во поплавената пештера на Тајланд, тој им се приклучил на своите поранешни колеги во мисијата за спасување како волонтер.

Поставувал канистри со кислород по рутата за извлекување, а самиот останал без кислород
38-годишниот Саман го изгубил животот на враќањето од точката на која децата и тренерот се сокриле од водата кон базната станица која спасувачите ја поставиле во близина на пештерата.

Such sad sad news this morning. Saman our former team member has tragically died. He was in the Chiang Rai cave with…

Posted by The North Face Adventure Team on Thursday, 5 July 2018

Претходно «
Следно »

loading…