ОВА Е ЧИЧКО ТРАЈЧЕ: А, ова е неговата приказна…

  • January 4, 2019
  • Коментари

Чичко Трајче е човек со големо, топло срце, жедно за живот – вели Марјан Петровски, кој на својот ФБ профил ја објави фотографијата со него, откако го качил во автообилот додека чичко Трајче стопирал


Марјан додава дека чичко Трајче, нема деца, внуци, родители. Имал мајка која неодамна пoчинaлa, па сега е сам, и оди од гратче до гратче и бара работа. Било каква работа. Работичка да се прехрани и да си најде покрив над глава, за да има каде да преспие.

Нема облека. Нема ништо.

Има само срце полно живот. Срце, жедно за живот, вели Марјан упатувајќи апел сите кои сакаат да му помогнат да го контактираат него, бидејќи тој веќе има контакт со чичко Трајче.

Па ајде, сите заедно да направиме нешто добро пред Божик.

Претходно «
Следно »