ОВА ЛЕТО ПОСЛЕДНО ЗА ЏЕС БЕЈЛИ: Американскиот дипломат ќе ја заврши мисијата во Македонија најдоцна до почетокот на јуни

  • February 23, 2018

До крајот на јуни, почетокот на јули, американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли би требало да ја напушти функцијата и да се врати назад во САД каде ќе бара нов ангажман во дипломатијата

 

Според неофицијални информации, американскиот амбасадор во земјава се подготвува да си замине најдоцна до почетокот на јули оваа година. Информацијата не ја потврдуваат официјалните претставници, но од добро информирани извори се лиферуваат информации дека Бејли ќе го заврши својот ангажман во Македонија ова лето.

Бејли важи за контроверзен дипломат кој својата мисија во Македонија ја започна како унапредување од својата позиција на заменик-амбасадор на САД во Турција. Тамошните медиуми го поврзуваа со вмешаност во крвавите протести на Таксим, во кои загинаа неколку лица, а стотици беа повредени.

Во Македонија, Бејли се поврзува со значително вмешување во внатрешните работи на државата, обезбедување на политичка и финансиска помош на сегашната власт која во текот на неговиот мандат беше опозиција, како и вмешување во работата на судовите преку неговите резидентни советници.

За амбасадорот Бејли беше отворена и истрага во Конгресот на САД поради злоупотреба на средства на УСАИД во финансирање на екстремистички левичарски организации и НВО во Македонија, со цел промовирање на либералните вредности на Џорџ Сорос.

Познавачите велат дека, доколку Бејли навистина си замине од Македонија ова лето, тогаш владата на Заев не би требало да трае многу долго потоа, имајќи во предвид дека насоките за нејзиното функционирање ги добиваат токму од дипломатот.

 

Претходно «
Следно »