ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ:Kога сте на гости не треба да ја оставате чашата до половина неиспиена, има и зошто

  • February 27, 2019

Ова се совети од народните верувања, а пораката гласи: кога сте на гости, пред да си заминете, никогаш не го оставајте до половина испиен пијалакот, бидејќи, според верувањето, на тој начин им се остава кавга во домот.

ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ НАРОДНИ ВЕРУВАЊА:

Не е добро да се пее за време на јадење. Наводно, тој кој што пее на маса, ќе се ожени со луда жена, односно ќе се омажи за луд маж. Ова смеат да го прават мажени и женети. Кој пие кафе од поткршена шолја ќе се омажи за вдовец или ќе се ожени со вдовица, а на девојките им се дава крајче од лебот за да ги сака свекрвата.

Оној кој јаде со нож или го лиже ножот – ќе се разболи.
За да не фатите некоја црна магија која одамна е фрлена, никако не смеете да поминувате преку раскрсница, бидејќи на тоа место се вкрстуваат овој и оној свет, па тука најчесто се прават и се растураат магиите.

Ако девојка му подари часовник на момчето, или тој неа, ќе раскинат. Во куќа каде масата се клацка и не е стабилна – главен збор има жената.

Оној кој ги јаде трошките од маса – ќе биде богат. Кога одите на гости, никогаш не се остава недопиен пијалакот, бидејќи според верувањето, така се остава кавга во домот. Исто така, не треба да се седи со прекрстени раце дома, бидејќи тоа наговестува несреќа и тага.

Не е убаво да се менува вереничкиот прстен, бидејќи може да се случи пресврт во животот.

Претходно «
Следно »