October 27, 2021, 4:47 am

Ова се шесте држави во кои не биле потврдени случаи на корoнaвирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во само шест од вкупно 193 држави што се полноправни членки на Обединетите нации досега не биле потврдени случаи на коронавирусот. Според податоци од Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.

Последна земја во која бил регистриран коронавирусот е Палау – архипелаг во Тихиот Океан кој се наоѓа во состав на Австралија и Океанија.

Најголема држава во која, барем официјално, не е потврден ниту еден случај на коронавирусот е Северна Кореја. Меѓутоа, градот Каесонг во оваа држава бил ставен во карантин на 26 јули поради сомневање дека едно лице е заразено со коронавирусот. Сепак, овие сомнежи не биле потврдени, па затоа официјално немало случаи во Северна Кореја.

Туркменистан е уште една азиска држава која официјално не потврдила случаи на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што досега се заразиле над 800.000 жители, но и со Казахстан, која бележи речиси 125.000 случаи. Се појавиле извештаи за жители на Туркменистан кои имаат симптоми на коронавирусот, па дури и за наводни смртни случаи, но тамошните власти тоа не го потврдиле.

Останатите четири држави во кои не е потврден случај на коронавирус се наоѓаат во Океанија, а најнаселена од нив е Кирибати, каде што живеат околу 120.000 жители. Најмала земја без коронавирус е Науру, каде што живеат околу 12.000 жители.

Ова се сите земји-членки на ОН во кои не бил потврден случај на зараза со коронавирусот: Северна Кореја, Туркменистан, Кирибати, Науру, Тонга и Тувалу.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This