ОВДЕ НЕМА СЛУЧАЈ: Одозгора не притискаат да се покрене oбвинeниe

  • December 29, 2018

Мега популарниот актер и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Шанац Михајловски на својот Фејсбук профил сподели трагично сведочење за случајот за говор на омраза кој е покренат против него во обвинителството. Имено случката е во лифтот на обвинителството, каде неименуван извор на Михајловски му посочил дека не постои случај во неговото обвинени, и дека се работи за политички прогон по нарачка како што вели одозгора. Тој натаму го прашува американскиот амбасадор Џес Бејли, дали за ова се дадени 30 милиони долари во судството.

-Кога стигнавме до лифтот обвинителката ми рече “Овде нема случај, но одозгора притискаат да се покрене обвинение”. За ова ли се дадени 30 милиони господине Бејли? И каде е тоа од горе? Новинарскиот терорист кој секој втор ден повикува на нечија ликвидација е ослободен од секакви обвиненија. Еве јас верувам дека 30 милиони прават многу зависно судство, пишува актерот на Фејсбук.

Претходно «
Следно »