Овој директор се откажа од својата плата до крајот на годината за да не отпушти ниту еден вработен

Поврзано

(Фото) Геолошко чудо сред пустина

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот...

(Видео)Вака се бoдpи тим, погледнете го нajжecтokиoт навивач пред малите екрани

Познато е дека кучињата сакаат да гледаат телевизија, но вакво внимателно следење на натпревар се уште не сте виделе. Погледнете...

Kopoна вируcoт во Тиквешијата не стивнува, две третини од позитивните не знаат од каде се заразиле

Корона вирусот во Тиквешијата зема замав и секојдневно се регистирираат нови позитивни пациенти во изминатите три недели. Денес, до...
- Advertisement -

Кога светот беше погоден од здравствена криза, Тод Грејвс реагираше брзо за да ја спаси својата компанија од пропаѓање.

Тод Грејвс ја основа Raising Cane’s во 1996 година против советот на неговиот бизнис професор на државниот универзитет во Луизијана, кој сметаше дека синџирот што продава само пилешки прсти никогаш нема да работи. Повеќе од две децении подоцна, компанијата со седиште во Луизијана се рашири на приближно 500 локации и оствари приход од 1,18 милијарди американски долари во 2019 година.

Сепак, како и секој друг ресторан, Raising Cane’s беше погоден од кризата – продажбата падна за 25 проценти кога стапија на сила рестриктивни мерки низ целата земја во средината на март. Но, за разлика од другите ресторани, Raising Cane’s не отпушти ниту еден од своите 25.000 вработени. Всушност, Грејвс неодамна откри дека планира да ангажира уште 5.000 луѓе, исплати бонуси од 2 милиони долари и вели дека продажбата е за 10 проценти од пред-кризните проекции во 2020 година.

Сега Грејвс се обидува да им помогне и на други бизниси во Батон Руж и Далас, трошејќи околу 185,000 американски долари од средствата на неговата компанија за картички за подароци во локалните ресторани во тие градови.

Кога наредбите за седење дома стапија на сила во март, Грејвс и другиот директор на компанијата веднаш решија да се откажат од своите плати – најверојатно до крајот на годината – и побараа од персоналот да помогне во зачувувањето на работните места на останатите колеги со работење помалку часови. Сите освен 13 од 500-те локации на Raising Cane’s имаат драјв тру, што му помогна на ланецот на ресторани да продолжи да работи.

Работниците на локациите што немаат драјв тру беа префрлени во други ресторани, со еден исклучок: Вработените во центарот на градот Батон Руж беа ослободени од работа за да изработуваат заштитни маски за болнциите низ целата земја – и досега се произведени над 10.000 маски.

Важно е, вели Грејвс, луѓето да останат мотивирани со тоа што ќе се сплотат околу една поголема цел: зачувување на работните места на своите колеги, грижа за здравјето и безбедноста на клиентите и вработените, спасување на компанијата и, секако, клиентите да бидат нахранети.

Луѓето се подготвени да работат напорно кога чувствуваат дека прават нешто благородно, вели тој за своите вработени.

Latest News

(Видео) Навистина „танцувале со ѓaвoлoт“, потврден кластерот „Градиште“

На три лица кои за продолжениот илинденски викенд присуствувале на журките во Охрид, им е потврден новиот коронавирус, јави...

(Видео) Продолжува xaocoт во САД, „Aнтифa“ го нaпaднa пoгpeшното соседство

Толпа на протестантите во Америка, попознати како Антифа одлучија да нападната приграско маало во САД, но направија погрешен чекор, бидејќи овие момци не се...

Нов ckандал, еве зошто пocкапува струјата

Откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се покачи цената на струјата за 7,4 % проценти, тензиите во јавноста не се смируваат. Ова покачување...

Преговорите на Заев и Ахмети заглавија кај Зибери

Тимовите се фокусирани на премиерската позиција, а во останатите точки не се очекуваат проблеми, пренесува Сител. СДСМ и ДУИ се во интензивни разговори за формирање...

(Фото) Геолошко чудо сред пустина

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот на светот”- Jeбел Фихрајн. Станува збор...

More Articles Like This