ОВОЈ МЕСЕЦ СЕКОЈ ВРАБОТЕН ЌЕ ДОБИЕ ПО 8.500 ДЕНАРИ

  • December 3, 2016

Помалите фирми и оние кои имаат финансиски проблеми се уште не исплатиле регрес за годишен одмор, популарниот К-15 имаат уште малку време за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети со вкупна глоба од околу 4.000 евра.

denari

Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Додатокот К15 изнесува 8.500 денари.
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнуваат неколку услови, главно фирмата да има потешкотии во работењето, ценејќи ја нивната економско – финансиска состојба.
Претходно «
Следно »