ОВОЈ ЧОВЕК Е СОВЕТНИК НА ЗАЕВ ЗА БЕНЕЛУКС: Ружин и тeoријата на заговop за cмpттa на Тоше

  • May 28, 2019
  • Коментари

Од локална естрада до советник за Бенелукс. Ова е патот на синот на Нано Ружин до советничка позиција во кабинетот на премиерот Заев, пишува истражувачката мрежа ИРЛ. “Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција“.

Поседува приватна фирма за продажба на автомобилски гуми и бандажи – „Бенелукс Тунинг“, пишува ИРЛ од каде откриваат дека Ружин и неговото семејство можат да се видат на фотографии со лидерот на СДСМ Зоран Заев и, почесто, со неговата сопруга Зорица. На една од фотографиите Алекс Ружин е сликан со контpaверзниот брат на премиерот, Вице, најпознат по видеото во кое Зоран бара струмички бизнисмен да му даде “по едно евро”.

 

Претходно «
Следно »