ОГРОМНА ДОНАЦИЈА ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА: Здружението на бранители „Бранител-2001“ од Кочани организираше огромна донаторска акција за кочанската болница!

  • September 11, 2017

На иницијатива на здружението на бранители „Бранител 2001“ од Кочани, болницата во Кочани денес како донација доби голема донација од Австрија која броеше неколку десетици болнички кревети, медицински апарати, душеци, инвалидски колички и останат потрошен материјал за нормално функционирање на болницата

Претседателот на здружението „Бранител 2001“ Горан Апостолов, при примопредавњето на донацијата истакна дека оваа донација нема да биде единствена, и дека ваквите хуманитарни и донаторски акции ќе продолжат.

Апостолов е благодарен на австрискиот донатор за донацијата, велејќи дека тие како здружение на бранители секогаш се грижеле и ќе се грижат за доброто на своите сограѓани.

Донацијата ја сочинуваа преку 25 болнички кревети, 10 електрични кревети, преку 50 душеци, ендоскоп, 40 инвалидски колички, две рампи за транспорт на неподвижни пациенти, пет електрични инвалидски колички, облека, перници, ќебиња, ракавици и останат потрошен материјал потребен за нормално функционирање на болницата, имајќи во предвид дека по назначувањето на Таравари, болниците се доведени во хаос.

Бојан Станков, член на претседателството на здружението истакна дека на нивна иницијатива, австрискиот донатор бил срдечен во намерата да помогне, имајќи ја во предвид состојбата со кочанската болница.

Гоце Исајол, член на претседателството на Бранител 2001 од Кочани пак, истакна дека оваа донација нема да биде единствена и дека ваквата помош од здружението ќе продолжи и во иднина.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа и претставници од скопското здружение на бранители „Гардист 2001“, чиј претседател на општинскиот огранок од Кисела Вода Александар Јаневски – Тошта, изјавил дека се приклучуваат кон иницијативата и дека во иднина вакви акции ќе се спроведат и во Скопје.

Претходно «
Следно »