„Одличен“ почеток на словенечкото претседателство: Добро е Бугарија да прифати дека имаат сличен јазик со македонскиот, вели Јанша

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенија секако ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почеток на преговорите со Македонија, бидејќи е земја-членка. Ова го изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша како одговор на прашање на БНР.

„Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на другите“, нагласи тој

Премиерот Јанша додаде дека во исто време мора ЕУ да се однесува како семејство, или во спротивно тоа е под закана.

„Ние мора да се обидеме да најдеме компромис“, истакна тој.

Премиерот го опиша последниот предлог на португалското претседателство за продолжување на преговорите како добар. „Добро е за Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е спорна точка, но треба да имаме стратешки поглед на работите “, рече Јанша.

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, од своја страна изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде токму во Бугарија во врска со ветото на земјата за почеток на преговорите со Македонија.

Во четвртокот Словенија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ од Португалија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This