ОДЛУКАТА Е НИШТОВНА, ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО – НЕМА: За 2/3 мнозинство се потребни 81 глас од вкупниот број на пратеници!

  • October 20, 2018

Одлука за пристапување кон Уставни измени, Собранието ја донесува со 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Ова, изразено во бројки би значело 81 пратеник. Или, двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, независно дали се присутни на седницата или не, изнесуваат 81 глас.

Наспроти ова, на вчерашната седница Талат Џафери, одлуката за пристапување кон измена на Уставот ја прогласи за донесена со 80 пратеници, од 117 присутни пратеници. Ова, во најмала рака е против Деловникот за работа на Собранието, кој во членот 196 став 3 јасно пропишува:

Ова на својот Твитер профил го искоментира и професорката по Уставно право, Тања Каракамишева.

„За промена на Устав,како и за системски закони, 2/3 мноз. секогаш било и ќе биде 81 пратеник.Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкуп. број пратеници.Или не успеаа да скршат уште еден пратеник па одлучија да си играат Ѓокица?Постапката е НИШТОВНА!“ – објаснува Каракамишева.

Доколку оваа одлука влезе во Службен Весник и се официјализира, истата е ништовна поради својата нелегалност и спротивност со законите и Уставот на Р.Македонија.

За промена на Устав, како и за сите системски закони, 2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник.

Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник.

Или не успеаа да скршат уште еден пратеник па одлучија да си играат како мали Ѓокица замишља свет?

Постапката е НИШТОВНА!

Претходно «
Следно »