ОДЛУКАТА НА ИВАНОВ Е ОДЛИЧНА: Крајно време беше така да се постапи, одлуката за бојкот на самитот на НАТО е одлична!

  • July 3, 2016

Одлуката на Иванов да не учествува на самитот на НАТО е одличен потег, вели Ристо Никовски за ТВ Нова.

nikovski-nova-640x344

Никовски додава и дека ако Македонија беше примена за членка во Букурешт во 2008 година, моменталната ситуација во земјата, кризата по прислушувањето ќе беше незамислива

-Мислам дека се работи за исправна порака, за одличен потег, бидејќи доста беше, премногу време дозволивме да НАТО си поигрува со нас, да ни поставува блокада, уцена и ултиматум прво да се прекрстиме, а потоа членство. Тоа се непристојни услови. Истовремено се однесува нелегално бидејќи не почитува одлука на Хашкиот суд, а ние досега сето тоа го толериравме и не покажувавме дека тоа е непристојно и неприфатливо, изјави за ТВ Нова поранешниот амбасадор Ристо Никовски, коментирајќи ја одлуката на претседателот на Република Македонија да не учествува на претстојниот самит на НАТО во Варшава.

Според Никовски, ова е почеток на едно ново наше однесување.

-Крајно време беше така да се постапи и НАТО секако ќе ја прими таа порака дека Македонија, самите рекоа, ги исполнува сите услови за членство уште во 2008 година, а еве веќе 8 години нѐ држат ни на небо ни на земја, што е крајно некоректно и што е клучно и суштинско на штета на мирот и стабилноста, не само на Македонија, туку и на целиот регион, рече Никовски.

Претходно «
Следно »