ОДНАРОДЕНАТА БУРЖУЈКА СО ЧИЗМИ ОД 2.000 ЕВРА: Не е прв пат Шеќеринска да се изглупира – лани им го плукна лебот на бранителите во лице!

  • August 12, 2016

Јавноста сеуште не може да се изначуди на невидениот елитизам на буржујката Шеќеринска која вчера во една од ретките посети како „визитарка“ кај настраданите од поплавите се избламира велејќи и на ужалената госпоѓа која тажеше по нејзиниот починат сопруг „Нека седи, не мора да станува“

Ваквиот резил, ваквото бламирање не и е прв пат на Шеќеринска. Буржујката Рада се резили секогаш кога глуми човек од народот. За она што навистина ја бидува е правење на бомбона бизниси на штета на граѓаните, уживање на скапи јахти во скапи резорти и секако скапа гардероба.

Секогаш знае што е тренд во Милано, но не и во Стајковци, ја интересираат само фустани и јакни од над 2.000 евра, а не знае да свари компир, а уште помалку знае да изрази искрено сочувство и да понуди искрена помош на оние на кои им е најпотребна.

Вакво бламирање Шеќеринска доживеа и минатата година кога при организирана трибина во Домот на Културата во Куманово таа го плукна лебот кој на традиционален начин се дава кога се дочекуваат гости.

Таквиот срамен елитизам на СДСМ и Шекеринска покажува своевидна глума и однароденост. Таа со чувство на гадење, само пред лицето на камерите се гушка со луѓето кои зад грб ги плука. Вистинското лице на Радмила Шекеринска се состои во елитизам и ужување во богатство.

Луксузниот живот на Шекеринска може да се види и по бројот на недвижнини со кој располага. Таа заедно со нејзиниот сопруг Божидар Јанковски, не еден туку 4 стана издавале под кирија и тоа самите на себе односно на фирмата каде директор е сопругот на Шекеринска.
1500mavrovo

Според документите кои беа објавени семејството на заменичката на Заев во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари.

Исто така Радмила Шекеринска располага и со вила на Маврово која ја криеше од јавноста.

Претходно «
Следно »