ОДОГОВОРОТ НА ПУТИН: Што кажа Путин на прашањето за Трета светска војна

  • June 7, 2018

Рускиот претседател Владимир Путин потсети на зборовите за Третата светска војна на Алберт Ајнштајн.

На Путин му беше поставено ова прашање на традиционалната специјална програма “Директна линија”, каде што за рускиот претседател пристигнаа околу два милиони прашања.

“Не знам со каков вид оружје ќе биде третата светска војна, но четвртата ќе биде водена со стапови и камења”, рече Путин.

Претседателот на Русија смета дека третата светска војна ќе биде најпогубна врз човештвото.

“Немаше глобални конфликти, бидејќи стратешкиот паритет беше воспоставен меѓу водечките сили во светот. Без оглед на тоа колку звучи непријатно, ќе ви кажам. Стравот од меѓусебно уништување ги ограничи и ги принуди воените сили да се почитуваат меѓусебно “, истакна Путин, и потсети дека современите системи за оружје што се развиваат во Русија денес ќе го задржат тој паритет.

Претходно «
Следно »