September 22, 2020, 2:45 pm

ОДРАБОТУВАШЕ ЛИ ИГОР СПАСОВ ЗА ЗАЕВ: Покрај амнестија за силувачи, убијци и крадци, Заев му се насмевна и му стисна рака и на убиецот на Нешковски!

Поврзано

Мицевски: Cкopo двa ипoл мeceци пo избopитe, a ce yштe инcтитyциитe вo Македонија не се фyнкциoнaлни

Денес на собраниската седница се обрати и Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова...

Расте бројката на новозapaзени

Петмина пациенти на возраст меѓу 50 и 60 години починаа како последица од компликации со ковид-19 во изминатото деноноќие,...

Јанушев откако замина од позицијата Генерален секретар: Се гледаме на пpoтecтите се до конечна побeдa

ВМРО е мојот дом, половина живот го посветив на организацијата – 21 година сум член на партијата, од в.д....
- Advertisement -

Откако медиумите ја објавија веста за пријателскиот однос на Заев и убиецот на Мартин Нешковски и нивните насмеани лица во затворот Идризово, ПР службата на владата ја отстрани фотографијата од официјалниот Фејсбук профил на Владата на Република Македонија.

 

Премиерот Зоран Заев на вчерашната посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, кои според многу експерти значи спремање на црни сценарија во пресрет на изборите, на кои според анкетите сигурен победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов. На фотографијата која е објавена на Фејсбук профилот на Владата на Република Македонија, се гледа Заев како насмеан се поздравува со Спасов.

За средбата на Заев со Игор Спасов реагираше новинарот и уредник Бранко Геровски, кој преку својот фејсбук профил побара оставки и откази за луѓето на Заев, посочувајќи ги како единствените „виновници“ за „неочекуваното“ ракување.

-ОСТАВКИ И ОТКАЗИ, ВЕДНАШ! Ако е точно дека човекот со кој се ракува Заев во “Идризово” е убиецот на Мартин Нешковски, тогаш некој опасно го наместил премиерот. Очекувам итна одговорност! Луѓето кои ги организирале настанот и неговата јавна промоција, треба уште утре изутрина да си поднесат оставки или да добијат откази. И да потсетам – еднаш напишав дека некои луѓе се премлади и недоволно искусни да бидат “советници”. Со дечурлаана држава не се води. А повеќето од вас тогаш очи ќе ми ископавте… Е па еве, тражили сте, гледајте!, напиша Героски.

Заев во изјава за медиумите рече дека Владата подготвува Закон за амнестија на затвореници.

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при вчерашната посета на затворот во Идризово.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Мисајловски: Во дpжaвaтa никoj нe знae нa кoj нaчин yчeницитe ќe cлeдaт нacтaвa

Владо Мисајловски, пратеник во Собранието на денешната собраниска седница рече дека сакал да се обрати на замениците министри, но...

Бектеши им порача на новинарите да научат албански

Министерот за економија Крешник Бектеши денешната прес-конференција ја започна на албански јазик, а потоа на македонски, како што рече „од почит кон најголемиот етникум“....

Ce cpyши мoќниoт pycки вoeн aвиoн Cy-30

Воен авион Су-30 се урна во регионот Твер во Русија, објави прес-службата на Западниот воен округ. „На 22 септември, авион Су-30 на Западниот воен округ...

Протоколот за едукативните центри денеска на Влада, за игротеките готов до следниот состанок на Комисијата

Протоколите за работа на едукативните центри ќе бидат разгледани на денешната владина седница, а протоколот за игротеките се очекува да биде готов до следниот...

Каракачанов понуди ocтавка, се пpeмисли и ја повлeчe, па пак се пpeмисли

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов повторно го уреди својот пост на социјалната мрежа Фејсбук и го врати делот кој го избриша...

More Articles Like This