Од вторник доаѓа голема промена на температурите

  • February 11, 2017

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер.

soncevo

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до осум степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури, додека утринските во повеќе места ќе се спуштат под нулата. Пониски утрински температури се очекуваат и во понеделник, а од вторник времето ќе биде сончево со умерена облачност и со пораст на дневните температури кои ќе се движат од осум до 13 степени.

Претходно «
Следно »