January 25, 2021, 10:21 pm

Од денеска влез во Србија без ПЦР тест

Поврзано

Задолжителен ПЦР тест за влез в Бугарија

Бугарскиот министер за здравство Константин Ангелов денеска рече ПЦР тест за ковид-19 ќе биде задолжителен за сите патници за...

Пронајдени две cмрзнати тeлa под снежни наноси во Хрватска

Работници на зимската служба, во акција за расчистување на снегот на планината Папук во Славонија, Хрватска, нашле две смрзнати...

200 милијарди долари зakопани под Србија

Во Србија, како што неодамна рече министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, потврдените резерви на минерални суровини вредат...
- Advertisement -

Граѓаните од земјите во регионот, вклучително и Македонија, од денеска може да патуваат во Србија без ПЦР тест.

„Од 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, соопшти Владата пред два дена по телефонскиот разговор на премиерот, Зоран Заев, со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Кадез, денеска изјави дека укинувањето на задолжителниот тест за сите што доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот.

„Регионот е наш заеднички дом, затоа одлуката на министерот за здравство за укинување на задолжителниот ПЦР тест за секој што ќе дојде кај нас од непосредната околина е уште еден показател за нашата подготвеност да ги отстраниме бариерите меѓу нас“, рече Кадез.

Latest News

Задолжителен ПЦР тест за влез в Бугарија

Бугарскиот министер за здравство Константин Ангелов денеска рече ПЦР тест за ковид-19 ќе биде задолжителен за сите патници за...

More Articles Like This