October 25, 2021, 9:21 am

Од дeнecкa зaпoчнyвa иcплaтaтa нa пapитe oд „Викeндoт бeз ДДВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска започнува исплатата на средствата од скенираните фискални сметки за време на Викендот без ДДВ.

Над 200 илјади граѓани во текот на неделата во целост ќе си го вратат платениот данок од 20, односно 10 отсто на нивните трансакциски сметки.

„Викендот без ДДВ„ е мерка дел од четвртиот сет на антикризни мерки со цел да се вратат повеќе средства кај граѓаните, а со тоа да се поттикне потрошувачката и економијата.

Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра.

Кон крајот на наредната недела УЈП ќе започне и со редовната исплата за скенираните сметки за претходното тримесечие, односно за месеците јули, август и септември.

Latest News

Латас: Hикој пола од своите граѓани не ги нарекол – злo, дури ни во вojната во 2001

За Заев сите што не гласаат за Шилегов се зло. Тежок збор, особено од политичар кој и плата и...

More Articles Like This