November 27, 2021, 8:51 am

ОД КОСОВО И АЛБАНИЈА СТИГААТ УЧИТЕЛИ ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК: Законот за двојазичност од корен ќе ја смени етничката карта на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само пред изборите во 2016 година, туку цела година претходно ВМРО ДПМНЕ и низа медиуми, новинари, експерти и интелектуалци предупредуваа дека донесувањето на законот за двојазичност од корен ќе ја смени етничката карта на Македонија, нејзиниот културен баланс и традиционалните вредности. Дека ќе има доселувања од Косово и Албанија во централниот и југоисточниот дел од државата, отворање над 100.000 работни места за Албанци за да се задоволат потребите на законот. Но, и од страна на СДСМ и нивните приврзаници, како и од ДУИ сето тоа беше квалификувано како ксенофобија и пропаганда. Неполни две години потоа, пропагандата стана сурова реалност, па и посурова од она што се најавуваше тогаш.

Јавната администрација во Македонија ќе се обучува на албански јазик, ова го потврди Бујар Осамни, вицепремиер за евроинтеграции во Владата на Македонија, и дека за обучување на албански јазик очекува помош од Косово и од Албанија.

Османи очигледно не го интересира колку ќе ги чини граѓаните на Македонија донесувањето на Законот за јазиците, со оглед на тоа што не знае колкави се финансиските импликации кои очигледно ќе ги има применувањето на овој Закон. Од друга страна првите пресметки се дека околу 1,7 милиони евра годишно ќе се трошат од буџетот само за обука на вработените во државната администрација, или за период од потребните 5 години, тоа се 8,5 милиони евра кои ќе завршат кај учителите по албански, во голем дел од Косово и Албанија. Другите трошоци: нова докумнетација, информативни табли, средства за комуникација… не се пресметани во трошоците. Вкупно 130 илјади административци треба да се подготват за обуки на албански јазик, што значи дека секој вработен во јавниот сектор ќе мора да знае албански, или да се соочи со отказ.

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Модерна ќе развие дополнителна доза од вакцината за новооткриениот „омикрон“ сој на коронавирусот

Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на...

More Articles Like This