ОД СИБИР ДО ПЕНТАГОН ЗА 5 МИНУТИ: Новата ракета „Циркон“ лета со 11.000 километри на час и може да го уништи Пентагон за пет минути!

  • March 2, 2019

Суперсоничната ракета со морско базирање „Циркон“ се покажа како значително побрза од она што го претпоставуваа западните експерти, наведува во текст германскиот магазин „Стерн“

„Бидејќи брзината на ракетата е 11.000 километри на час, пет минути би биле доволни за таа да стигне до Пентгон и да го уништи“, наведува новинарот на „Стерн“ Хернот Крампер.

Според наодите на мгазинот, западните експерти претпоставуваа дека брзината на „Циркон“ нема да премине 6.000 километри на час.

Ракетата меѓутоа, ги надминала тие очекувања: нејзината брзина, како и пречникот на нејзиното дејство од десетина илјади клометри, го прави пресретнувањето речиси нвозможно.

„На такви ракети ефикасно може да им се спротивстави само електронски систем за противвоздушна одбрана и ласерско оружје“, заклучува Крампер.

Претседателот на Русија Владимир Путин за време на обраќањето пред Федералното собрание на Русија на 20.фебруари соопшти дека новата суперсонична ракета „Циркон“ ќе има брзина од девет маха и дострел поголем од 1.000 километри.

Претходно «
Следно »