ОД СОСТАНОКОТ НА ГРУЕВСКИ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ -НОВ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ВО СКОПЈЕ:Ќе се гради излез од Ѓорче Петров кон обиколница

  • July 12, 2016

Нов капитален проект се планира да се направи во Скопје. Станува збор за изведба на нов излез од населбата Ѓорче Петров кон обиколница.

sostanok-gruevski-sokol

Сообраќајната студија веќе е направена и се очекува реализацијата на овој проект да започне во 2019 година, а доколку има можност и порано во 2018.

Проектот предвидува новиот излез да започне со продолжување на булевар „Илинден“. Исто така да се изгради и нов мост на Вардар. Потоа излезот да поминува низ населбата Ѓорче Петров покрај Лепенец, за на крај да излезе на скопската обиколница.

Овој крупен проект кој е важен и за општината Ѓорче Петров и за Градот Скопје, иако не беше ветен сепак ќе се реализира, а бенефит од него ќе имаат граѓаните.

Минималната вредност на проектот се предвидува дека ќе биде околу 10 милиони евра.

Претходно «
Следно »