ОД ТЕЛЕВИЗИИ, ПРИСУТНИ БЕА УБК: Љупчо Палевски објави фотографии за кои тврди дека се од службите на УБК кои го снимаат народот

  • March 4, 2018

Експретседателот на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски, на неговиот фејсбук профил обвини дека од тајната служба, Управата за безбедност и контраразузнавање, го снимале денешниот протест на иницијативата „Ние сме Македонија“, кој се одвиваше на плоштадот Македонија.

Палевски, кој протестираше заедно со граѓаните, објави фотографија на која се гледа како човек облечен во црна јакна од врвот на една од околните згради го снима протестот.

-Од телевизии, само УБК присутни – напиша Палевски на фејсбук.

 

Од телевизии, само УБК присатна.

Posted by Љупчо Палевски on Sunday, 4 March 2018

Во исто време, Палевски објави и фотографија од дрон кој го снима протестот и го прозваше амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.

-Бејли на митинг присатен – напиша Палевски.

 

Бејли на митинг присатен

Posted by Љупчо Палевски on Sunday, 4 March 2018

На денешниот протест, незадоволните граѓани кои се против промената на името на Република Македонија побараа оставка и од владата и премиерот Заев.

Претходно «
Следно »