Од турски агол: Америка сака да ја врати Русија во 90-тите

Поврзано

- Advertisement -

Американската желба е Русија да се врати во времето кога била затворена земја како што тоа било случај во текот на 90-тите години од минатиот век, додека на власт бил Борис Јелцин, пишува турската агенција “Anadolu”.

Според мислењето на авторот на статијата, по доаѓањето на Џо Бајден на власт, дошло до пораст на тензиите на релација Москва и Вашингтон, а една од причините за тоа е што Русија го зголемила своето влијание во регионот на Блискиот исток.

Покрај тоа, Америка настојува да го спречи развојот на билатералните односи на Русија и Турција и тоа со воведување на санкции против Москва.

Токму со тоа авторот на статијата го објаснува неодамнешното протерување на дипломати од Бугарија и Чешка, велејќи дека тоа е само последица на чекорите кои ги презема американската администрација.

“На тој начин Америка се обидува да ја врати Русија во 90-тите и да го намали нејзиното надворешнополитичко влијание во светската политика” се додава.

Во заклучокот од текстот на турскиот аналитичар се оценува дека тоа е малку веројатно со оглед на тоа дека воената сила на Русија е многу моќна, како и нејзиниот потенцијал во вселената, но и во енергетиката и медицината.

Latest News

Вулин: Да им се забpaни влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за гeнoцид во Сребреница

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин изјави дека ќе побара забрана за влез во Србија за оние кои...

More Articles Like This