ОД ФАЛСИФИКАТОР ГРАДОНАЧАЛНИК НЕ БИВА: Кандидатот на СДСМ за Гази Баба е лик со сомнителен морален кредибилитет за кој имало кривични за фалсификување на документи!

  • October 24, 2017
  • Коментари

Од фалсификатор градоначалник не бива, истакна на денешната прес-конференција Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Кандидатот за градоначалник од СДС за општина Гази Баба, Борче Георгиевски е лик со сомнителен морален кредибилитет за кој што имало кривични пријави за фалсификување на документи. Според она што го објавија медиумите Георгиевски фалсификувал службен документ за лице кое има кривична пријава за трговија со дрога, физички инциденти и насилство, вели Донев.

Донев вели дека кандидатов за градоначалник на СДС фалсификувал документи за лице кој е дилер на дрога и сега истото лице се нуди за опција во Гази Баба. Нормалното станува ненормално, ненормалното нормално.

-Човек кој фалсификувал документи сега треба да води општина. И неговите лаги не престануваат тука. Значи човеков кој фалсификувал за дилер на дрога сега дава ветувања, а нема реална програма. Ветува улици кои не постојат во Гази Баба, договарал и јавно се фали кратење на Парк шумата и зеленилото во Автокоманда, ветува проекти кои веќе се реализирани. СДС и Зоран Заев ги потценуваат граѓаните на општина Гази Баба со тоа што им нуди човек како Георгиевски. Овој лик не може да биде иднината на Гази Баба исто како и СДС која нема реализирано ниту еден проект во општина Гази Баба, нагласува Донев.

Претходно «
Следно »