Од хармоника, преку Тозовац и филмска музиката, Жељко ја донесе празничната магија во Скопје

  • December 24, 2018

Со хармоника во раце наместо да пее, српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ го почна вечерашниот концерт во Скопје.

На изненадување на публиката свиреше филмска музика. Публиката го поздрави со силен аплауз и гласни овации, па се врати назад во времето додека тој на својата хармоника ја свиреше популарната песна од филмот „Грлом у јагоде“.

Потоа отсвире и микс од најубавите песни од старите југословенски филмови, додека зад него на филмско платно се редеа сцени од нив.Новогодишната елка и украсите на сцената, и песните со блуз, соул и џез ритам само ја дополнија празничната атмосфера во МОБ.

Во целата таа филмска музика Жељко успеа да ги вметне хитовите на Тома Здравковиќ, Тозовац, „Ван Гог“, Кемал Монтено, но и негови песни, што беше доволна причина публиката да стане на нозе и да заигра. Жељко овој пат ги пееше песните во нов стил, со празничен звук.

„Скопје, повторно сме заедно. Оваа вечер е само за вас. Нема да ви раскажувам, добредојдовте во мојот свет на музика и емоции,“ рече Жељко и ја изненади публиката со цитат од Гете.По завршувањето на овој концерт Жељко има уште еден, од 22 часот. Јоксимовиќ вторпат се претставува пред македонската публика со концертот „Два света“. Организатори на концертите се „Прагма продукција“.

Извор: Репортер

Претходно «
Следно »