ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Реформите на безбедносниот систем како предуслов во евроатланските интеграции

Поврзано

(Фото) Повторно кaтacтрoфaлни статистики – Регистрирани 115 нoвoзaбoлeни и 7 пoчинaти лицa во изминатото деноноќие од Koвид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи...

Вардар го поздрави Стоилов

Ракометниот клуб Вардар на Фејсбук објави фотографија од Столе Стоилов поздравувајќи го ракометарот со коментар „КАПИТЕНОТ“. https://www.facebook.com/rkvardar/posts/10159586146675348

Чулев остварил средба со членови на Здружението на лoвци од Охрид

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера остварил работна средба со членовите на Здружението на ловци од Охрид, каj...
Свесноста за потребата од реформи, независно за кој општествен сегмент станува збор, е во суштина доказ за квантумот на одговорност, на зрелост, на волja на сите општествени чинители за динамично и квалитативно надградување на сите општествени системи. Реформите мора и треба да се разберат првенствено како нужност а во името на воспоставување повисоки, поефикасни, пофункционални општествено вредности и стандарди. Неопходност од која директно зависи стабилноста, развојот и перспективите на кое било општество“. Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на почетокот од работата на деветата по ред Меѓународна конференција насловена како „Реформите на безбедносниот систем како предуслов во евроатланските интеграции“, што во наредните два дена ќе се одржува во хотелот Метропол во Охрид во организација на Факултетот за безбедност-Скопје, со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, и под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Како што истакна министерот Спасовски – “безбедноста, сеопфатно сфатена, сосе сите нејзини сегменти (институционален, нормативен, концепциско-оперативен, кадровски и друго) колку што е внатрешен, национален односно општествен предизвик, во иста мера, еве веќе неколку децении, е и глобална, меѓународна тема – пар екселанс – која има свое неспорно големо влијание и врз севкупните актуелни геополитички, глобално-економски и цивилизациски токови“. Според Спасовски, сосема е легитимно и потребно науката да биде првиот чинител кој што ќе се фати во костец со сите такви предизвици, трагајќи по идеи, сознанија, предлози – како, што, и на кој начин да се стигне до оптимални и реформски настроени решенија.
На конференцијата  присуствуваат професори од над 15-тина земји меѓу кои од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Белгија, Бугарија, Словачка, Турција, Србија, Хрватска, Словенија, Обединетите Арапски емирати, Косово и други, а целта е да се поттикне академската заедница во изнаоѓањето решенија за идната поставеност на безбедносните системи со цел ефикасен одговор на современите ризици и заканите по безбедноста, односно дестабилизирачките фактори кои создаваат состојби на конфликти.
https://www.youtube.com/watch?v=TdJ371NlAfM

Актуелно

Уkpaдeни еден милион евра од куќа во Скопје

58.560.000 денари му биле украдени на скопјанец од скопската населба Нерези, откако крадец кој влегол преку прозорецот на неговата...

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Повеќе вести