ОО СДСМ БИТОЛА Е КОМПЛЕТНО РАСПАДНАТА: Проблемите се решаваат со огнено оружје и палање на автомобили – причина се тендерите и непотизмот!

  • July 22, 2018
  • Коментари

​СДСМ во Битола, колпметно распадната, нефункционална, разединета, а внатрешните проблеми од внатрепартиска, криминална, природа или проблемите од поделбата на тендерите и сферите на влијание и непотизмот, засега се решаваат со штабски тепачки, но и со пукања од огнено оружје и запалени автомобили.

Фото: SDK.mk

​ Пред неколку месеци, со прострелна рана заврши братот на градоначалнчиката Наташа Петровска (патем истиот оној кого таа го вработи во првите два-три месеци од нејзиното градоначалникување), а само пред неколку дена беше опожарен автомобилот на висок локален функционер од владејачката партија и директор на едно од јавните претпријатија.

Проблеми во функционирањето на релацијата Општинска организација и Градоначалничката Петровска има од првиот момент, така што несогласувањата од ден во ден само кулминираат. Петровска покажува отворено непочитување на локалната СДСМ, но заради притисоците врз неа таа до сега неколкупати лично пред Заев ја нудела својата оставка. Од една страна, коленичи пред Заев, со оставки, а од друга страна остро им се спротивставува на сопартијците за се изворно консултирајќи го главно Слободан Најдовски, популарно викан Чарли од Кравари. Исто така, една од нејзините најтесни врски на соработка е односот со Емилија Костурска, која што без никаква консултација со партиските структури ја именуваше за свој заменик градоначалник. Коструска довербата на Наташа наводно ја има обезбедено со своето струмичко потекло и роднинските врски со еден од апсените – вработен во Општина Струмица, за аферата со прислушувањето. Истиот господин, најверојатно е и причината зошто два пати се растура тендерот за најголемиот проект на Петровска- Гасификацијата. Можеби сосема случајно, но не и без причина, токму сопругот на Костурска е ангажиран во Општина Битола, кој иако е информатичар му е доверена обврската, до сега за жал неуспешно да се занимава со гасификацијата.

​Инаку по социјалните мрежи, веќе многу чести се вулгарните и остри закани кон СДСМ и нејзините локални функционери, од активисти кои цело време беа во првите борбени редови, а сега се разочарани, предадени, напуштени. Не ретки се случаите, кога овие вербални закани завршуваат со внатрепартиски тупаници, па дури и демолирање на просториите на седиштето на СДСМ.

Претходно «
Следно »