ОПАСНИ ИНФОРМАЦИИ ОД РУСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ: НАТО го пали Балканот за да ја зачува ЕУ – медиумите во регионот предупредуваат!

  • December 24, 2016

Руската разузнавачка агенција, според засега неофицијални извори, во Брисел дошла до сознание дека челниците на НАТО пактот најсериозно ја разгледуваат можноста за предизвикување на „контролиран судир“ во Македонија, на Косово но и во Србија и Република Српска

dvaeset-i-edna-godina-specijalna-edinica-vo-arm-234791

 

Руските безбедносни при крајот на минатата недела ги предупредиле надлежните во Србија на опасните планови на НАТО пактот за Балканот, дознава Информер. Засега не е познато дали такви информации и предупредувања се пристигнати до Македонските власти, но се претпоставува дека е така.

Како што пренесуваат соговорниците на весникот Информер, чиј уредник е чест гостин во политичките емисии во Македонија, од врвот на српските разузнавачки агенции, Руските агенти добиле релевантни информации за предизвикување на „контролиран хаос“ на Балканот, поточно во Македонија, Косово, Србија и Република Српска преку предизвикување на етнички судири.

Изворите на Информер тврдат дека НАТО проценува дека нов хаос на Балканот би бил корисен за остварување на започнатите „Западни стратешки цели“!
-Судири на Балканот би допринеле за хомогенизација на Европската унија и барем на некое време од фокусот би ги изместиле силните проблеми со кои се соочуваат земјите членки на ЕУ. Исто така, тие судири ефикасно би го решиле проблемот со мигрантите и потполно би ја затвориле „балканската рута“. Конечно, тие би му овозможиле на Западот апсолутно да ги контролира сите политички процеси во регионот и на најважните функции да поставува кога сака – објаснува еден од соговорниците на Информер, кој напоменува дека НАТО денес сигурно не планира предизвикување на војна по примерот на оние од деведесетите години.

Без разлика дали тоа ќе бидат, како што додава соговорникот, контролирани судири чија цел би била непослушните лидери „да се научат“ со што би им се покажало дека во секој момент може да се предизвика судир, но и да ги запрат немирите па и воените судири. Изворот за Информер ги набројува точките на судир:

– Екстремисти во Македонија, и оние меѓу Албанците, меѓутоа помеѓу етничките Македонци кои само чекаат некој од САД и ЕУ некој да им намигне и отворено да тргнат во жестоки судири со државата. Тука најлесно би можеле тоа да го направат. НАТО смета дека на Косово и на југот на централна Србија во регионот на Прешево лесно може да се предизвикаат вооружени судири, кои според планот, ланчано би предизвикале политички хаос во Белград – наведува соговорникот на Информер и напоменува дека, според сознанијата на руските разузнавачи, најопасното сценарио се спрема за БиХ, односно за република Српска.
– Во нато се свесни дека во Босна е речиси невозможно а се предизвикаат мали и просторно ограничени судири кои би биле брзо политички искористени и веднаш потоа смирени. Тоа може да функционира во Македонија и можеби Косово, но Босна е буре барут и во Брисел добро знаат дека играње со оган таму би можело и нив скапо да ги чини. Сепак, судирите во Србија и БиХ се опција на која се смета.

Официјално, за овие информации никој во Србија не сакал да коментира и покрај барањата на Информер. Од друга страна, експертот за безбедност Џевад Галијашевиќ ниту малку не е изненаден од сознанијата на руските разузнавачи.

Како што дознаваме, руските разузнавачи до срспките колеги предале и конкретни документи кои докажуваат што се НАТО планира во нашиот регион. Исто така, Русите на српските власти им доставиле и список со повеќе стотина луѓе на кои во Брисел сметаат за „предизвикување хаос“.

На тој список има голем борј на јавни личности, политичари и НВО активисти, новинари, професори, актери и екс-спортисти.
Ние веќе на Балканот имаме „контролирани судири“ кои Западот, односно Америка и Германија ги предизвикуваат, контролираат и усмеруваат. Нив им се потребни слаби и неефикасни балкански држави, а тука мислам на Македонија, Црна Гора, Србија и БиХ. Во секоја од овие држави на дело е фабрикувањето на внатрешни тензии. Во Македонија тоа е на релација Македонци-Албанци. Во Црна Гора се предизвикува судир помеѓу Црногорци и Срби, додека во Босна се заоструваат односите помеѓу Бошњаците и Србите – објаснува Галијашевиќ.

Лидерот на српската Народна мрежа Владан Глишиќ смета дека овој план на НАТО воопшто не е чуден и неоочекува, и повикува овие закани да се сфатат сериозно.
– НАТО еќе одамна не е одбрамбена алијанса, туку служи за предизвикување на војни и кризи во светот. Јасно е дека ниту една евроатлнатска инсталација на Балканот нема никаква иднина во мирни околности. Нивен единствен начин да го задржат влијанието е да предизвикуваат хаос – напоменува Глишиќ.

Претходно «
Следно »