Операта „Травијата“ на Џузепе Верди в петок во МОБ

  • November 19, 2018

КУЛТУРАОперата „Травијата“ на Џузепе Верди в петок во МОБОбјавено пред 17 минути – 19 ноември, 2018Од Макфакс

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ чија изведба ќе биде на 23 ноември во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.

Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата“ ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.


Режијата е на Верена Штојбер од Германија, а од истата земја доаѓа и Софија Шнајдер, која е сценограф и костимограф на оперската претстава.

Во главните улоги настапуваат Сања Керкез од Србија, Иван Mомиров од Бугарија и Горан Начевски. Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ и онлајн на нивната веб-страна.

Претходно «
Следно »