ОПОЗИЦИЈАТА ОБBИHУBA: Зоран Заев е најголемиот изmaмник во историјата на независна Македонија

  • November 3, 2019
  • Коментари

Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на независна Македонија, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев вети изградба на модерен студентски град на местата на СД Стив Наумов и СД Гоце Делчев. Студентски град нема. Зоран Заев вети намалување на бројот на министри во Владата. Три години подоцна бројот на министри е зголемен, а бројот на директори удвоен. Зоран Заев најави инвестиции на Гугл и Фејсбук. Од Гугл и Фејсбук нема ни трага, ни глас, но има инвестиции од Вице Заев во плантажи со марихуана. Зоран Заев вети дека ќе го продадел блиндираниот мерцедес и ќе набавувал возила за итна медицинска помош. Три години подоцна итната медицинска помош се распаѓа, а Заев си набавува хелихоптери. Заев ветуваше 100.000 денари плата за лекарите за време на последните избори. Три години подоцна, докторите платата ја бараат надвор од Македонија. Заев лаже и на Заев не може да му се верува. Заев вети враќање на 600.000 иселени од државата. Ниту еден не врати. Секој ден се иселуваат се повеќе граѓани, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев вети бесплатно здравство за сите. Бесплатно здравство нема.

-Заев вети 600 километри нов автопат. Нема ниту 1 метар нов автопат Заев вети многу. Не реализира ништо. Заев лаже три години по ред. Заев лаже и сега. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев. Граѓаните ќе го казнат Заев за сите лаги и измами во изминативе три години. Доаѓа време за обнова на Македонија, стои во партиското соопштение.

Претходно «
Следно »