ОПШТИНА КАРПОШ И ЈАКИМОВСКИ НИЖАТ УСПЕСИ: Златна Европска наградаза квалитет и комерцијален престиж за општина Карпош и Стевчо Јакимовски!

Поврзано

Без вода неколку скопски улици

Без вода денеска ќе останат дел од корисниците од втора зона (околу 50 куќи) на улица „Христо Татарчев“ поради...

Дождот во Чаир ги поплави улиците, граѓаните извадија трски за pиболов

Силен ветер и дожд вчера попладне ја зафати територијата на Скопје, при што настанаа и проблеми на одредени делови...

Советничката група во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до антикорупциска против Шилегов

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција за спорните одлуки на...

Меѓународната асоцијација за менаџмент и консалтинг „OtherWays“-Франција, на 17-та интернационална конвенција која се одржа во понеделник, (10.04.2017), во Берлин (Германија), му додели на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, „Златна Европска награда за квалитет и комерцијален престиж“.
17807271_10154132450121706_6150698022125366250_o

Во придружба на претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, градоначалникот Јакимовски го доби ова високо меѓународно признание за постигнатите извонредни резултати во работењето и неговите особени лидерски способности во процесот на менаџирање со локалната самоуправа.
Практично, од денеска, Општина Карпош стана препознатлива на светската мапа како „Зелена организација“ и на тој начин ќе може ширум светот, полесно да воспостави релации на соработка со останатите носители на овој престижен епитет.

На претпладневната работна сесија на меѓународниот форум, меѓу 50 претставници на познати светски компании, институции и дипломатски корови, со свечен говор се претстави и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, првиот човек на Општината одржа куса презентација, преку која ги потенцираше достигнувањата на локалната самоуправа од областа на екологијата и енергетската ефикасност, културата и образованието, подобрување на животниот стандард на граѓаните и високиот процент на реализирани инфраструктурни проекти.

Истражувачкиот тим на „OtherWays“ ги предложи, а Одборот за селекција, според строго наметнатите критериуми, ги номинираше Општина Карпош и нејзиниот прв човек Стевчо Јакимовски, за оваа престижна интернационална награда.
Според нив, градоначалникот Јакимовски во досегашното управување со Општината, покажал цврста посветеност и транспарентност во работењето и демонстрирал висок степен на иновативност при развојот на локалната самоуправа.

За воспоставените стандарди, Општина Карпош од март 2011 година се стекна и со сертификат за квалитетен систем на менаџирање и давање услуги на граѓаните, кој го задоволува ИСО стандардот 9001:2008. При изборот за номинација, француската асоцијација „OtherWays“ собирала информации за Општина Карпош преку спроведени анкети, а се консултирала со повеќе медиуми, маркетинг агенции, Сојузи на стопански комори, странски амбасади, и организатори на меѓународни саеми.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести