October 24, 2021, 6:10 am

Орбан: Европа секогаш води низ Балканот, Балканот е капијата на Европа, а капијата ѝ припаѓа на куќата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Балканот е капијата на куќата, а капијата ѝ припаѓа на куќата, значи дека Балканот е составен дел на Европа, изјави денес премиерот на Унгарија Виктор Орбан зборувајќи на конференцијата на претседателите на собранијата на земјите од Вишеградската четворка (В4) и југоисточна Европа во Будимпешта.

Орбан кажа дека во Унгарија постои изрека дека патот во Европа секогаш води низ Балканот, дека тоа не е прашање на избор туку геополитички факт.

Европската Унија, а особено земјите кои ја формираа ЕУ, мислат дека Балканот е тампон зона, а западните Европејци сакаат безбедно и комфорно да живеат, и дека ако дојде до конфликт од југоистокот, дека не би требало да стигне до Виена, Берлин или Франција“, кажа Орбан.

Тој додаде дека прашањето е дали ЕУ ќе го промени статусот на Балканот кој ќе биде болен за неговите жители или ќе употреби нова стратегија „а новата стратегија се вика интеграција“.

Балканот не би требало да биде тампон зона туку дел од ЕУ“, кажа тој и додаде дека Балканот ѝ е потребен на Европската Унија, колку што таа му е потребна нему.

Истакна дека унгарската економска корпорација со Балканот е ветувачка по 2015 година и дека унгарските односи со Балканот значително се подобриле.

Ако се прошетате низ Будимпешта, ќе го видите плоштадот Бошњак, ќе видите српски кафулиња и цркви и Албанци кои живеат и работат во Унгарија“, заклучи Орбан.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This