ОРДАНОВСКИ: Заев мора да ја плати цената за ова што се случува во државата

  • November 15, 2018

Бројни политички активни идеолози, партиска академснка јавност, па дури и независни политички новинарски пера, за моменталната ситуација, не само за пребегот на Груевски го обвинуваат премиерот Зоран Заев, пренесува Магазин.


Познавачите на политиките во СДСМ, јасни на ставот дека она што се случува е веќе видено сценарио и по пребегот на Груевски, крилото на Шекеринска во СДСМ ја превзело власта и владеењето со партијата па ја започнаа јавната кампања за отстранување на премиерот од политичката но и партиската сцена.

Последен во низата, иако прв ја најави можноста Груевски веќе одамна да е заминат надвор од Македонија, се огласи и новинарот Сашо Орданоски.

Сега треба органите, ако не утре да излезат со прес конференција, не само министерот Спасовски, ова е класичен случај за организиран криминал во МВР. Значи таму има луѓе што треба да се бават со тоа. Таму се луѓе кои што би требало да бидат професионалци, ако не ги контролирале тоа е анализата со која треба да се занимаваме.

Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во кое што се се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел. Направија милион компромиси, се направија од поздравувања со Амди Бајрам до толерирања. – посочи Сашо Орданоски во гостувањето на 1ТВ.

Орданоски појасни дека ова е таа атмосфера која што во Македонија година и пол откако Заев е дојден на власт владее, во која што сите мислат дека на крајот се може да се договори од уставни промени до бегање од правдата.

Поради оваа атмосфера политичка, Заев ќе си плати цена за тоа, но за да ја пресретне таа цена мора веднаш да се излезе во јавноста со форензичка анализа како успеа Груевски да избега од земјата без при тоа да знае власта. – смета Ордановски.

Претходно «
Следно »