ОРДАНОВСКИ СО ХВАЛОСПЕВ ЗА ЗАЕВ ЈА НАЈАВУВА НЕГОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА: Сите околности укажуваат на тоа дека Зоран Заев нема да може да ја избегне сопствената кандидатура за претседателските избори идната година

  • December 18, 2018

-Сите околности укажуваат на тоа дека Зоран Заев нема да може да ја избегне сопствената кандидатура за претседателските избори идната година. Причините за тоа се многубројни и секоја се чини подобра од претходната, пишува првото перо на власта новинарот Сашо Ордановски.

Дали со последниот хвалоспев за Заев, Ордановски ја најавува кандидатурата на Заев за претседател на Македонија? Одговорот на ова прашање граѓаните ќе го добијат набргу со оглед на фактот што се ближат претседателските избори.

Според него најголемата и како што вели причина е рејтингот на Заев за кој сепак вели дека сам по себе не е фасцинантен. Ордановски за Заев вели дека тој можеби не е политичар за кој може да се каже дека е  татко на нацијата, но не е за потценување.

Ордановски ја коментираше и кандидатурата на Заев за нобеловата наградата за која според него Заев и Ципрас се сериозни кандидати, а ваквата награда како што вели тој би ги зголемила неговите шанси за победа на претседателската трка.

-За неколку месеци, кога ќе се случи претседателската трка, неговата популарност ќе го достигне врвот, колку и да е висок тој, бидејќи ќе се совпадне со ефектуирањето на Преспанскиот договор и меѓународните пофалби што ќе бидат испорачани на таа сметка. Кандидирањето, заедно со грчкиот премиер Ципрас, за Нобеловата награда за мир за 2019 година, е сублимат на ваквиот развој на настаните. А шансите на Ципрас и Заев за таа награда да влезат во сериозна конкуренција – доколку договореното во Преспа навистина и се испорача – воопшто не се за потценување, пишува тој.

 

Претходно «
Следно »