ОРУЖЈЕ ВО ПЛЕНАРНАТА САЛА: Кој дозволи оружје во пленарната сала на Собранието кога се гласаше Законот за двојазичност?

  • March 16, 2018

Кој дозволи и дали некој ќе понесе одговорност за присуството на неовластени вооружени лица во пленарната сала на собранието на Р. Македонија за време на донесувањето на неуставниот закон за двојазичност, во моментот кога поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше вербална расправија со пратеникот Талат Џафери?

Камерата на Инфомакс ги регистрираше лицата како и нивното оружје во пленарната сала во тензичните моменти кога насила се носеше законот за двојазичност. Ова не е првпат коалицијата ДУИ-СДСМ спротивно на законите да внесува огнено оружје внатре во Македонскиот парламент. Да се потсетиме на моментите кога на 27 април народот го зазеде Собранието за да го спречи спроведувањето на Тиранската платформа, приватното обезбедување на Заев пукаше по негова наредба внатре во законодавниот дом. При инцидентот имаше и повредени.

Во Македонија се воведува диктатура и тиранско владеење колку и да звучи тиранско иронично. За властите ниту важат Законите, ниту Уставот.

 

Репортер
Борислав Стоилковиќ

Претходно «
Следно »