September 27, 2020, 12:45 pm

ОРЦЕ КАМЧЕВ СМЕСТЕН ВО ,,ХАШКА СОБА“:Затворскиот лекар му констатирал одлична здравствена состојба

Поврзано

Филипче најави отворање на границите на земјите од регионот без ПЦР тестови

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во регионот разговараат во еден момент да ги отворорат...

ВО ЖИВО: Заев ќе ги презентира новите антикризни мерки

Најнова информација: Прес конференцијата е поместена за 13.15 часот Следете ја во живо прес конференцијата на која ќе бидат објавени...

Заев се откажа од Гоце: Можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото, Гоце Делчев не може да не двои

Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се...
- Advertisement -

Притвор, „Хашка соба“ и затворски лекарски преглед за Јордан Камчев и уште 4-ца осомничени во „Империја“ на СЈО

Првото лице кое Јордан Камчев и останатите 4-ца осомничени во новата истрага на СЈО, „Империја“ изутринава го виделе и затворскиот лекар. Ги прегледал и констатирал одлична здравствена состојба. Поплаки немаат, потврди за Телма затворската управа. Камчев е сместен во т.н. „Хашка соба“ најлуксузна со која располага затворот, а во новото одделение е уште еден осомничен. На двајца од притворните при распределбата им се паднало старото одделние, и ќе делат соба со повеќе цимери. Луксузот за бизнисменот Камчев заврши синоќа откако помина 12 часа на распит во судот, доби 30-дневен притвор, и за него прва се подигна влезната рампа во истражниот затвор во Шутка.

Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски можат да влијаат на сведоци и на истрагата ако се на слобода навела во одлуката за притвор судијката на претходна постапка Весна Димишкова. Осуммина осомничени остануваат на слобода, бидејќи СЈО за нив не побара мерки за обезбедување. Меѓу нив се мајката и сестрата Камчеви и Сашо Мијалков.

Предметот го води специјалната обвинитиелка Лиле Стефанова, а на медиумите 3 часа по полноќ ги брифираше нејзината шефица. Во скромниот опис за истрагата познати се кривичните дела- Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари, но не и висината на сумите кои ги злоупотребиле. Истрагата се проширува, открива Јанева.

Адвокатите се пред компјутерите и ги куцаат жалбите за отфрлање на притворот. Ќе ги понудат пасошите, и мерка за јавување во судот во замена за слободата на нивните клиенти, иако бараат од СЈО да каже во кој временки период, и од која аудио „бомба“ се покрената истрагата со што е запазен рокот за можност за подигнување обвинение, на што Јанева имаше подготвен одговор.

„Империја“ е во истрага, но заедничко за сите 13 обвинети и кривичните дела се деценискиот бизнис од 2002 до 2013-та година. Срцето на „Империја“ засега неофицијално е офшор компанијата „Ексико“ со актуелен директор сега осомничениот Тодор Мирчевски.

Latest News

Зголемен бројот на пријави за забележани НЛО во САД

Оваа година е забележан раст на пријави за наводно здогледување на неидентификувани летечки објекти (НЛО) во американската сојузна држава...

МОНАХ ОД 120 ГОДИНИ: Апстиненцијата од cekc е клуч на долговечноста

Свами Сивананда е монах кој тврди дека е најстариот човек на светот. Во неговиот пасош е наведена 1896 година како година на неговото раѓање. Свами...

Полициски час во три града во Црна Гора поради КОВИД-19

Црна Гора воведува полициски час во три градови поради тешката ситуација со корона вирусот. Во Никшиќ, Беране и Андријевац од 28. септември до 12.октомври...

ДА СЕ НАЕЖИШ: Цепела дрва и се шокирала

Семејството Шакиќ од населбата Пискавица, доживеала благ шок при подготовката на дрвата за огрев. drvo-ogrev_1000x0 Всушност, кога домаќинката расцепила буков трупец во него на двете страни...

Шварц-Шилинг: БиХ е држава „невозможна за управување”, и се заканува распад

Дејтонскиот договор, потпишан пред две и пол децении, ја направи БиХ држава „невозможно да се управува”, отворајќи им пат на силите што не се...

More Articles Like This