May 14, 2021, 1:36 am

Османи во Ватикан на средба со монсињор Пол Ричард Галагер

Поврзано

- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Рим оствари средба со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Како што соопшти МНР, фокус на разговорите беше перспективата на меѓусебните релации и проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласија дека историското апостолско патување на Папата Франциско во Македонија во мај 2019 година, донесе нова димензија во речиси тридецениските односи, исполнети со пријателство и заемна почит.

Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, во функција на обезбедување европска перспектива како за Македонија, така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација, истакна Османи, при што беа поздравени нашите напори и беше изразена надеж дека интеграцијата на Македонија ќе се развива на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Беа разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This