ОСМАНИ ГО РАЗОБЛИЧУВА ЗАЕВ: Многу скоро албанскиот јазик ќе биде официјален на централно ниво

  • June 16, 2017

Албанскиот јазик ќе стане втор службен на централно ниво во Република Македонија, ова во гостување на телевизија Алсат го најави вицепремиерот за евроинтеграции во новата Влада, Бујар Османи.

Зоран Заев иако после изборите ретерираше од она што го најави пред изборите, како што и сега ретерира од ветувањата кои ги даде после изборите и кажа дека нема да има двојазичност на целата територија, неговиот коалиционен партнер, Бујар Османи од ДУИ го демантираше. Османи кажа дека во предлог-законот кој е договорен за јазиците, се предвидува официјализирање на истиот за централна употреба.

-Јазикот кој го зборуваат над 20 проценти од граѓаните е исто така службен јазик. Што значи круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата, изјави Османи.

На прашање на новинарот, тој кажа дека се надева дека законот ќе биде донесен многу брзо, дека одредувањето на датумот е техничко прашање, дека најважно било тоа што се имаат политички договор. Тој потенцираше од Владата има волја да се затвор оваа тема.

-Се надевам многу скоро. Во прашање се недели или месеци, зависи како ќе се подготвиме ние во предлогот на тој закон. Јас реков дека во овој процес на затворање на темите, процесот да биде инклузивен и во него да бидат вклучени сите. Заслуги за процето на затворање на темите треба да има и опозицијата. Ние се надеваме  на поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи.

Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ уште пред повеќе од два месеци анализираше да Заев успеа да повампири барањата на албанските политички партии и да ги направи клучен фактор за носење одлуки во државата.

-Со доаѓањето на Зоран Заев да може да формира влада во Република Македонија, тој ги повампири амбициите на албанските политички партии, ја направија тиранската платформа, им се врати чаламот и сега делуваат како клучен фактор на македонската политичка сцена, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ мораат да ги прифатат нивните барања ако сакаат да коалицираат со нив. На тој начин не постои ниту еден сериозен политичар во Република Македонија освен Зоран Заев кој би коалицирал со албанските партии, смета Ефтов.

Зоран Заев иако подоцна ретерираше од ова ветување, како што сега тоа го прави со ветувањата за  просечна и минимална плата од 30.000, односно 15.000 денари, вети дека двојазичност ќе има и во Прилеп, град каде речиси и да не живее етнички Албанец, ќе има двојазичност. Бујар Османи, вицепремиерот во неговата Влада, сега потврди дека сепак двојазичноста ќе ја има на целата територија.

-Во Прилеп тој што учи албански јазик, иако е мал многу процентот може да добие право да учи музичко училиште на албански јазик, да напише барање на албански јазик, кажа тогаш Заев.

Претходно «
Следно »