December 4, 2021, 6:47 pm

Османи: Зелената агенда е најкреативна понуда во политичката сцена на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на денешната прес-конференција ја искажа проценката на ДУИ за изборната кампања, за текот на изборниот процес во првиот круг и постигнатите резултати за градоначалници и листите на општински советници.

Османи го истакна фактот на значителното зголемување на бројот на гласовите на Демократската Унија за Интеграција во споредба со бројот на освоени гласови на локалните избори во 2017 година, сметајќи дека ова е рефлексија на довербата во зелената агенда како најкреативна понуда во политичката сцена на земјата.

Тој ги покани граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да гласаат за бројот 3 во општините каде што се натпреварува Демократската Унија за Интеграција, како и да ја дадат својата поддршка за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје.

Според Османи, владината коалиција е стабилна и се очекува да се прошири по изборите.

„Нема ниту ново парламентарно мнозинство, ниту потреба од предвремени парламентарни избори. Владината коалиција е стабилна, а по изборите, очекуваме парламентарното мнозинство и да се прошири“ – истакна Османи.

Latest News

Ги засука ракавите: Ременски не чекаше, веднаш ја започна со кампањата со реден број 1

Централната изборна комисија на СДСМ денеска утврди дека три од четирите кандидатури за иден претседател на СДСМ се целосни....

More Articles Like This