ОСМАНИ: Знам дека два километри автопат звучи смешно

Поврзано

Дали треба да се врати задолжителниот вoeн рок во Македонија?

Дали на Македонија и е потребно враќање на задолжителниот воен рок, експерти коментираат дека тоа прашање зависи од повеќе...

ЦИВИЛ со ocтра ocуда на говорот на омpa3ата од Апасиев и останатите како него

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашната објава на Димитар Апасиев со експлицитен говор на омраза и вулгарности на социјалните...

Уште четири дена за договор: Пендаровски има рок до четврток да го додели мандатот за формирање влада

Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу...
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на потпишувањето на договорот со операторот „Гранит“ за изградба на првите два километри од автопатот од граничниот премин Блаце до главниот град рече дека од Скопје до Приштина наскоро ќе се патува за помалку од еден час.

– Од Скопје и Приштина ќе се патува за помалку од еден час, ќе ја олесни комуникацијата и трговијата. Проектот започна на 20 март 2018, се направија големи напори, обезбедување финансии и други фази на дефинирање на траса, идеен проект, општ проект, објавување на тендери. Секретаријатот за европски праша аплицираше за средства до Фондот за Западен Балкан, рече координаторот на проектот.

Османи рече дека во јавноста звучи смешно тоа што се работи за само два километри, но конфигурацијата на теренот била специфична и затоа морало да бидат вложени големи напори.

– Знам дека може да ви звучи смешно 2 километри, но претходно немаше никакви подготовки. Дел од буџетот ќе ги покрие првите два километри од граничниот влез до селото Блаце. Инаку за целиот автопат се добиени 27 милиони евра неповратни средства. Многу институции беа вклучени заради спецификата на теренот и напорно работеа, за што многу сум благодарен, наведе вицепремиерот.

Министерот за транспорт и врски рече дека грешките и претходното искуство со автопатот Кичево – Охрид ги натерале институциите да работат внимателно и да не брзаат, иако се работи са кратка делница.

Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени за време на летниот период во 2021, беше кажано на прес-конференцијата.

Изградбата ќе започне на пролет, а до тогаш треба да бидат извршени 68 експропријации на парцели во сопственост на жителите на Блаце.

Latest News

Пoплавени улици во Скопје, отворени шахти, оштeтени возила

Поплавени улици, отворени шахти, оштетени возила, метеж и нервоза од граѓаните, но и од возачите. Ова е сликата од...

Oд утре се враќаат гopeштините: 40 степени во сенка

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава...

ШИЛЕГОВ ЗА АПАСИЕВ: МАКЕДОНСКИОТ ШЕШЕЉ ИМА КОСА И БРАДА

Откако вчера Димитар Апасиев, од Левица на својот Фејсбук профил објави статус преку кој упати навреда кон министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ,стигнаа и...

Тома Фила открива: Ќерката на Милошевиќ бараше од татко и да да се caмоубиe кога дошле да го aпcат

Еден од најпознатите адвокати со македонско потекло, Тома Фила проговори досега непознати детали за апсењето на поранешниот претседател на Србија. Слободан Милошевиќ. Клучна улога...

Дали треба да се врати задолжителниот вoeн рок во Македонија?

Дали на Македонија и е потребно враќање на задолжителниот воен рок, експерти коментираат дека тоа прашање зависи од повеќе фактори, вклучително и од одлуката...

More Articles Like This