January 22, 2021, 3:25 am

Османи потврди: Софија бара да прифатиме дека македонскиот јазик е заснован на западно-бугарски дијалект и тоа го нема во досегашниот договор

Поврзано

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

(Видео) Heделковски: Cвeтот се движи кон нова cвeтcкa вojна

Според новинарот Миленко Неделковски светот се движи кон еден голем конфликт на рамниште на светска војна. Причината за ова потенцира...

(Видео) Светот нecпpeмен ја дочека новата фaшиcтичka okyпациJa

Во своето гостување во Инфомакс, Новинарот Миленко Неделковски говорејќи за цензурата во медиумите истакна дека светот несремен ја дочека...
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“, вели дека барањето на Бугарија да се прифати дека македонската етногенеза е бугарска, а македонскиот јазик е кодифициран врз основа на западно-бугарски дијалекти е рефлексија на создадената недоверба кон Договорот за добрососедство.

„Реално, таа формулација е официјално предложена од Бугарија како решение на еден од КОРЕПЕР-ите (состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ) пред одржување на Советот за општи работи на ЕУ – дека доколку ние ја прифатиме историската реалност, Бугарија ќе ја прифати сегашната реалност. Меѓутоа, мислам дека тој став во моментот е рефлексија на недовербата создадена од Договорот и од процесот кој сме го создале. Бидејќи во право се тие што велат дека Договорот не ја предвидува оваа тема за разговори. Договорот предвидува дека историските комисии ќе ги разгледаат историските аргументи како основа за заедничко одбележување и градење на доверба“, вели Османи.

Тој смета дека не постои друго решение освен спроведување на Договорот за добрососедство.

„Не постои простор дека може да има договор за таква формулација. Но, во сржта на проблемот е недовербата. Недоверба која постои меѓу општествата подолг период и меѓу интелектуалци, научници, историчари, политичари. Меѓутоа, недовербата се пренесе и на Договорот чијашто улога беше да ја врати довербата. Тоа потоа еволуираше во една ваква форма на резолуција, декларација донесена на Собрание со вакви верзии на дефинирање што било“, вели Османи.

Потенцира дека само враќањето на довербата во процесот и спроведувањето на Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година може да ги донесе двете земји до решение.

Latest News

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

More Articles Like This