ОСМАНИ СО ЗАКАНИ ДО ИВАНОВ: Има уште неколку дена можност да го потпише законот,ако не законот ќе си стапи во сила

  • April 13, 2018

Вицепремиерот Бујар Османи му даде ултиматум на претседателот Иванов за Законот за употреба на јазици за кој тврди дека ќе може да се применува и без потпишување на указот.

Тој има уште неколку дена можност да го потпише законот, ако не го стори тоа ќе остане запаметен во историјата како човек кој не дал никаков придонес за просперитетот, унитарноста и екслузивноста на Македонија – вели Османи.

Вицепремиерот објасни дека ако не одлучи да го потпише ќе најдат други начини да се стави законот во сила.

– Постојат такви начини, но не сакам сега да ги коментирам – дециден беше Османи.

Тој во презентацијата на имплемнтацијата на планот 3-6-9 го обележа Законот за употреба на јазиците со зелено што означуваше имплементиран закон.

– Го означив законот со зелено бидејќи за мене тоа е завршена работа, три пати пратениците кои ја рефлектираат волјата на мнозинството граѓани го изгласаа законот. Го повикавме Иванов да даде негов придонес како кохезивен фактор во опшеството, овој закон ги има сите предуслови да влезе во сила – објасни вицепремиерот.

Претходно «
Следно »