ОСТАВКА ОД ДИК ПОДНЕСОА И БОНЕВА И СРЦЕВ

Поврзано

ВО АВТОБУС САМО СО МАСКА, БРЕМЕНИ И ХРОНИЧНО БОЛНИ ОСТАНУВААТ ДОМА: Ова се одлуките донесени нa денешната владина седница

Владата на Република Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за...

НАСКОРО СЕ ОТВАРААТ ГРАДИНКИТЕ?: Владата го усвои протоколот за работа на градинките во вонредна состојба

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика го усвои протоколот за функционирање на...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион...

По претседателот Александар Чичаковски, членовите на комисијата од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, и потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите, оставка денеска поднесоа и членовите на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

 

На првата наредна седница Собранието треба да ги констатира нивните оставки, но таа, се уште, не е закажана, иако според последните информации таа може да биде во петок, кога на дневен ред треба да биде и Предлог – буџетот за 2018 година.

Изборниот законик предвидува, откако оставките на членовите на ДИК ќе бидат констатирани, претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе треба да ги информира политичките партии од власта и од опозицијата да му достават предлози за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседател и членови на ДИК во Службен весник, а огласот трае осум дена. Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.

Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите за членови на ДИК во рокот, членовите на ДИК ги предлага Комисијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Државната изборна комисија брои девет члена, претседател, потпретседател и седум членови. Од нив шестмина се на предлог на партиите, а тројца се од редот на експертите.

Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Мандатот им е пет години, со можност за реизбор.

Инаку, пред една недела американскиот амбасадор обзнани дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести